Во периодот помеѓу 18ти и 21ви јануари, 2016 година, шпанскиот експерт г-дин Jesús Ángel Ocio и холандскиот експерт г-дин Co Molenaar подготвија препораки за политикатаи доставија соодветни корисни информации за загадување спречување, контрола и управување на контаминирани локалитети на почва и препораки кои се однесуваат на местата во ОХИС, кои се загадени со линдан и HCH (хексахлороцикокексан).
Првиот ден од нивната мисија се дискутираше за сегашната состојба и фокусот на работата на експертите за време на состанокот со Постојаниот твининг советник од македонска страна и со експерти од МЖСПП надлежни за контрола и санација на загадени места со перзистентни органски загадувачи (POPs’).
Покрај тоа, беше обезбеден ДВД со пример на проект за санација на високо загадени места со проблем сличен на случајот на местата на ОХИС.
Документи: