ПРИЈАВИ ЗА ДИЖС ЗАКОНИ НОВОСТИ ПРОЕКТИ ИЗВЕШТАИ ПРОГРАМА ИНСПЕКЦИСКИ АКТИ КОНТАКТ/ЛОКАЦИЈА
 
ДИЖС
Неделни извештаи за инспекциски надзори на ДИЖС
Регистар на субјекти на надзор и инспекциски извештаи
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Што значи инспекција во животната средина и нејзино спроведување?
Околу проектот
Активности поврзани за проектот
Спроведување на законите за животна средина во ЕУ
Документи и линкови
Media Галерија
Контакти/Локација
Логирање на Basecamp
 
 
 
 
Новости и Активности
 
10.4.2023 | ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2023 За унапредување на 4 (четири) административни службеници во Државниот инспекторат за животна средина

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став (4) од Законот за административните службеници (,,Службен весник на Република Македонија” бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18 и ,,Службен весник на Република Северна Македоноја “ бр. 275/19, 14/20, 215/21 и 99/22), а во врска со член 41 став (1) точка 2 и член 41 став (2) од Законот за инспекциски надзор (,,Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 102/2019) и член 2 од Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивното бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работното место за кое е објавен интерниот оглас (,,Службен весник на Република Македонија” бр. 11/2015, 35/2018 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија” бр.303/2020), објавува

 

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2023

За унапредување на 4 (четири) административни службеници

 во

Државниот инспекторат за животна средина

 

 

Државниот инспекторат за животна средина, објавува интерен оглас за унапредување на 4 (четири) административни службеници за следните работни места:

 

  1.  ИНС 0101Б02001 – Раководител на сектор – Главен инспектор, Сектор за инспекциски надзор во природата.

- 1 (еден) извршител,  

- Паричен нето износ на плата: 44.103,00 ден.

 

  1. ИНС 0101Б04001 – Раководител на одделение – Виш инспектор, Одделение за инспекциски надзор во природата – регион Запад, Сектор за инспекциски надзор во природата.

- 1 (еден) извршител,

- Паричен нето износ на плата:  32.230,00 ден.

 

  1. ИНС 0101Б04001 – Раководител на одделение – Виш инспектор, Одделение за водостопанска инспекција – регион Запад, Сектор за водостопанска инспекција.

- 1 (еден) извршител,

- Паричен нето износ на плата:  32.230,00 ден.

 

  1. УПР 0101В01001 – Советник за стручно–административни и нормативно-правни работи, Одделение за општи и правни работи и јавни набавки, Сектор за координација, општи и правни работи и јавни набавки.

- 1 (еден) извршител,

- Паричен нето износ на плата: 28.741,00 ден.

 

Кандидатите за наведените работни места потребно е да ги исполнуваат следните услови:

Општи услови:

  • Државјанин на Република Северна Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да има општа здравствена способност за работното место,
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови:

               -стручни квалификации:

  •                  За сите нивоа од категорија Б – ниво на квалификација VIА според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;

          работно искуство:

                   Б2  - најмалку пет години работно искуство по дипломирањето од кои најмалку две години како инспектор;     

                   Б4 - најмалку четири години работно искуство по дипломирањето од кои најмалку една  година како инспектор;     

 

                -стручни квалификации:

  •                   За нивото В1 – ниво на квалификација VIА според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен ;

    аботно искуство:

                                                В1 – најмалку три години работно искуство по   дипломирањето

 

 

Oпшти работни  компетенции:

  • решавање на проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
  • учење и развој
  • комуникација
  • остварување резултати
  • работење со други/тимска работа
  • стратешка свест
  • ориентираност кон странките/засегнати страни

 

Посебни работни компетенции:

-               активно познавање на работа со компјутерски програми за канцелариско работење

-               активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски)

-               положен испит за административно управување    

 

Кон пријавата кандидатите можат да ги приложат следниве докази во скенирана форма:

  • потврди за успешно реализирани обуки и/или
  • потврди за успешно реализирано менторство (како ментор или менториран административен службеник.

 

На интерниот оглас може да се јави административен службеник, вработен во истата институција, кој ги исполнува општите и посебни услови за пополнување на работното место пропишани за соодветното ниво во овој закон и во актот за систематизација, како и:

  • Да е оценет со оцена ,,А” или ,,Б” при последното оценување на кое бил оценуван,
  • Да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во кое е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
  • Да поминал најмалку две години на истото ниво и
  • Да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

-Превземи ја пријавата

Распоред на работно време:

-               Работни денови :  Понеделник – Петок

-               Работно време: 08.30 часот и завршеток на истото во 16.30 часот

 

Заинтересираните административни службеници поднесуваат писмено пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата, преку писарницата на Државниот Инспекторат за животна средина до организационата единица за управување со човечки ресурси, како и на службената електронска адреса info@sei.gov.mk, најдоцна до рокот утврден во овој оглас.

 
 
 
НОВОСТИ И АКТИВНОСТИ
 
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2023 За унапредување на 4 (четири) административни службеници во Државниот инспекторат за животна средина
10.4.2023

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став ( ...

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 03/2022 За унапредување на 1 (еден) административен службеник
29.12.2022

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став 4 од Законот за администрати ...

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 673/2022
21.12.2022
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 2/2022 За унапредување на 1 (еден) административен службеник
15.12.2022

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став 4 ...

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2022 За унапредување на 4 (четири) административни службеници-инспектори
05.12.2022

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став 4 ...

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 581/2022 за вработување на 1 државен службеник од група I, подгрупа I во Државен инспекторат за животна средина
26.11.2022