Во периодот помеѓу 4ти и 8ми април, 2016 година, делегација од Република Македонија ја реализираше третата и последна студиска посета во рамките на овој Проект во Холандија. Делегацијата посети неколку компании од различни сектори како примери на добра практика во областа на инспекција во животната средина и спроведување на прописите од страна на компаниите поврзани со животната средина.
Групата беше составена од 11 претставници од Државниот инспекторат за животна средина, од Министерството за животна средина и просторно планирање и претставници од неколку општини од Република Македонија кои беа пречекани од страна на проектниот лидер на јуниор партнерот од Холандија, г-дин Rob Kramers, и тим од инспектори за животна средина како и експерти од ИнфоМил, од Министерството за инфраструктура и животна средина и Регионални агенции за животна средина, со цел размена на добри практики и искуство во спроведување во животната средина со посебен акцент на области од ИСКЗ/ИЕД, организација на надлежните тела и прекуграничен транспорт на отпад помеѓу холандските и македонските партнери.
Беа реализирани посети на неколку институции како што се Регионалната агенција за животна средина на Областа на канали на Северното море и Регионалната агенција за животна средина на централен и западен Брабант и Царинската управа на пристаништето во Ротендам. Исто така беше презентирано како работи Академијата на холандскиот центар на знаење за животна средина и нејзината организација како и презентација на холандскиот Инспекциски совет.
Групата беше поделена на две подгрупи кои два дена остварија серија на инспекции заедно со холандските инспектори (секоја подгрупа оствари по една инспекција на ден) и тоа: инспекција на постројка за согорување на отпад (AfvalEnergieBedrijf во Амстердам), две инсталации за обработка на метал (MX3D и Balkonhekken onderneming), кланица (Van Vion) и постројка за производство на асфалт (Van Rasenberg).
Групата имаше можност да посети и пиварница во Делфт, да се запознае со прекуграничен транспорт на отпадот во Ротердам, како и посета на компанија за суви стоки на големо и нивен превоз (EMO).
Поврзани документи:




















