ДРЖАВЕН ИНСПЕКТОРАТ
ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ВОНРЕДЕН ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР ПРАВЕН СУБЈЕКТ МАКСТИЛ АД, СКОПЈЕ

На ден 02.02.2026 согласно Годишен и Месечен план за работа на Државниот Инспекторат за животна средина извршен е вонреден инспекциски надзор во правен субјект МАКСТИЛ Акционерско друштво за производство и трговија со производи за црна металургија при што е изготвен Записник за констатација бр.ИП1 29-99 од 03.02.2026 година.

Со записникот е констатирана следната фактичка состојба: Во моментот на надзорот правниот субјект работел половично, односно Погонот Челичарница не бил во функција, додека Погонот Валавница за дебел лим бил во работен процес. Извештајот од редовните мерења на диоксини и фурани согласно А-Интегрираната Еколошка Дозвола, од страна на акредитирана лабораторија за животна средина од Грција Алфа мерења, Атина е доставен по електронски пат до ДИЖС на ден 16.01.2026 година и согласно А-ИЕД нема надминување на концентрациите на диоксини и фурани.

Макстил е носител на А-ИЕД бр.УП1-11/3 630/2020 од 02.09.2020 година, со важност до 2027 година, 01.09, односно 7 години. Годишниот Извештај за животна средина согласно А-ИЕД е во фаза на изработка и истиот согласно законскиот рок (31.03.2026 година) ќе биде доставен до МЖСПП, како и претходните години наназад за времетраењето на Дозволата. Годишен Извештај за постапување со отпад за 2025 година согласно законскиот рок е доставен до МЖСПП на ден 30.01.2026 година исто како и години наназад за времетраење на дозволата. До МЖСПП се доставени и извештаи од мерења согласно А-ИЕД за период 01.10 до 31.12.2025 година, односно последен квартал на претходната година и дел претходно (воздух, вода, отпад и бучава). Направени се и анализа на отпади – троска (октомври 2025), коварина 12.12. 2025 година, огноотпорен материјал 11.08.2025, филтер прашина 20.02.2025, 25.04.2025, 28.10.2025 и 26.12.2025 година. Анализата на диоксини и фурани во филтер прашината е направена од страна на лабораторија СГС од Бугарија, во месец декември 2025 година (извештајот сеуште не е пристигнат, истиот по пристигнување ќе биде доставен до МЖСПП).

За време на вонредниот инспекциски надзор најнапред е направена обиколка со сертифициран управител со отпад од правниот субјект и се посетени местата каде се складира отпад согласно А-ИЕД (Табела V.2.1-Отпад складиран на самата локација-користење/одложување на опасен отпад) и тоа, отпадни акумулатори, прашина од филтер постројка, филтерски вреќи, метални буриња и канти од масти масла, хидраулични филтри, филтри од масло и мотор, масти и масла во Погон Челичарница, потоа  талог од таложни базени, метални буриња и канти од боја, пластични канти, филтри од фарбара, масти и масла, замастени црева и хидраулични филтри, метални буриња и канти од масти и масла и замастен отпад од Погон Валавница за дебел лим и Табела V.2.2-Отпад складиран на самата локација – Друг вид на користење/одложување на отпад. Од визуелниот надзор на претходнонаведените локации е направена фото-документација. Правниот субјект има тројца сертифицирани управители со отпад и има устроено евиденција на отпадот. Приложена е последна Програма за управување со отпад за 2025 година. При обиколката на неколку места беа оштетени таблите за означување на видовите на отпад или воопшто ги немаше.

Правниот субјект согласно Дозволата за извоз на отпад со шифра 10 02 07* – филтер прашина од Погон Челичарница, систем за отпрашување на електролачна печка и казанска печка која беше издадена од страна на Управата за животна средина при МЖСПП со бр.УП1/11/2-1906/2024 со важност до 31.12.2025 година во текот на 2025 година има извезено за Бугарија, во фирмата KCМ AD од Пловдив филтер прашина со вкупна количина 6.144,8 тони. Правниот субјект води документациона евиденција и при секоја пратка се испраќаат до Секторот за отпад при УЖС/МЖСПП нотификации. Коварина во вк.количина од 25.025 тони во текот на 2025 година е извезена во Хихон, Шпанија, Арцелор Митал како краен постапувач, согласно Дозвола за извоз на отпад бр.УП1-11/2-1948/2024 издадена од УЖС при МЖСПП, со важност до 31.12.2025 година.

Согласно Дозволата за извоз на отпад бр.УП1-11/2-2299/2024 од 25.12.2024 година издадена од страна на УЖС/МЖСПП, во Тајланд во текот на 2025 година се извезени вк.303.9 тони филтер прашина.

Правниот субјект поседува дозвола за извоз на отпад-коварина за 2026 година, Шпанија, со бр.УП1-11-5265/3 од 20.11.2025 година, со важност до 14.10.2026 година и согласно истата се извезени во текот на месец јануари 2026 12.000 тони и во моментов не постојат количини на коварина во правниот субјект. Поднесено е барање за уште 2 извозни дозволи и тоа за филтер прашина, за 2026 година. Едната дозвола се однесува на извоз во KCМ AD од Пловдив и истата е со бр.11-5670/2025 од 13.01.2026 година издадена од страна на УЖС/МЖСПП (проектирана количина од 20.000 тони  при што се чека увозна дозвола од страна на Министерството за животна средина на Бугарија за претходнонаведената компанија). Сите документи се испратени на 23.01.2026 година, како и согласност од македонското МЖСПП до бугарското МЖСПП на ден 26.01.2026 година (проектирана количина 20.000 тони). Второто барање се однесува на извоз на филтер прашина во Саудиска Арабија и од страна на МЖСПП е испратено барање за одговор за транзит дозволи до министерствата за животна средина на Србија, Хрватска и Египет (Суецки Канал) и увозна дозвола од министерството за животна средина на Саудиска Арабија (проектирана количина 10.000 тони).

За различните видови на отпад, правниот субјект има договори за превземање на истиот и тоа: Договор помеѓу ЈП Дрисла, Скопје и Макстил АД со датум 23.01.2025 година (времетраење од 1 година), во процедура е обновување на договорот за нареден период, доставено е барање. Договорот се однесува на прием и согорување на опасен отпад согласно Листата на видови на отпад. Приложен е Записник за согорување на отпад од 18.12.2025 година за апсорбенси, филтерски материјали, платна за бришење, заштитна облека загадена со опасни супстанции (15 02 02*). Приложен е Договор помеѓу МИНОЛ ДООЕЛ, Штип и Макстил АД на неодредено време од 08.09.2021 година за превземање на отпадни масла. На ден 17-12-2025 година е превземено отпадно моторно масло (15 02 08*, количина 2.05 тони). Приложен е Договор помеѓу МИНОЛ ДООЕЛ, Штип и Макстил АД на неодредено време од 10.03.2020 година  за превземање на отпадна амбалажа. На ден 17-12-2025 година е превземен отпад од пакување што содржи опасни супстанции (пластични канти) (15 01 10*, количина 1.28 тони) и на ден 28-01-2026 година е превземен отпад од пакување што содржи опасни супстанции (пластични канти) (15 01 10*, количина 1.34 тони). Во процедура е потпишување на договор со правен субјект Дине, Велес за отпадни гуми од возила (механизација). Приложен е Договор со Еко Циркон, ДОО, Скопје од 15.02.2023 година (истечен), за собирање, транспорт и третман на неопасен отпад (електричен и електронски отпад 20 01 36), превземени количини на ден 29.03.2023 година 3.18 тони. Потоа е склучен уште еден договор со времетраење на 1 година со датум 20.03.2024 година (истечен), превземени количини 3.62 тони. Приложен е Договор со Ивал Трејд ДОО, Штип за купопродажба и превземање на отпадни батерии и акумулатори (16 06 01*) од 19.07.2024 година (истечен договор со времетраење од 1 година), превземени количини на ден 22.10.2024 година од 920кг. Приложен е Договор и Анекс Договор со правен субјект ТО-КАНТА, ДООЕЛ од Скопје со датум 17.10.2024 година, односно Анекс од 22.10.2025 со времетраење од 1 година за превземање отпадни пластични шишиња. На ден 12.03.2025 година се превземени 0.12 тони шишиња (20 01 39). Приложен е и Договор со ADDFORCE PROCESSING and LOGISTICS DOOEL од 30.05.2025 година со Адендум бр.1 од 13.11.2025 година за купопродажба на троска од металургија во количина од цца 1.000.000 метрички тони (+/-20%)  со важност до 26.02.2026 година, за да се продолжи и по овој рок со нов Адендум. Компанијата купувач во моментов е во фаза на барање за добивање дозвола за третман, преработка, складирање и транспорт на троската (10 02 02). Приложен е Договор за превземање на прашина од електролачна печка со РАД-КОМ ДООЕЛ, Скопје од 05.04.2024 година. Согласно овој Договор се предадени количини од 2.999,18 тони филтер прашина со шифра 10 02 07*, а согласно договорот купувачот бил обврзан да ја брикетира набавената прашина и во таа обработена форма да ја извезува надвор од државата. Од страна на МАКСТИЛ АД е доставено барање до претходнонаведената фирма за известување во врска со доставените количини и обврските согласно договорот. Во однос на талогот истиот сеуште се наоѓа во таложните базени.

Во однос на прашината од филтер постројката, истата се одложува на сопствена локација на КП 2232/4 на отворено која согласно А-ИЕД ја користи правниот субјект предмет на инспекцискиот надзор. Земјиштето се води на Република С.Македонија. Прашината која е привремено одложена е одложена во засебни џамбо вреќи согласно начинот на складирање пропишан во постоечката дозвола, т.е Табелата V.2.1 од А-ИЕД, од кои дел се покриени со најлон, а дел се отворени, односно дел се скинати, при што на повеќе места на плацот е дојдено до прелевање на содржината на почвата. Дел од вреќите се наоѓаат во посебен затворен магацин со капацитет од околу 700 тони. Плацот генерално е неограден и до истиот може да се доближи било кое лице, поради немање безбедносна служба за целиот комплекс Железарница Скопје. Макстил има сопствен контролен безбедносен мониторинг 24/7 со делумна покриеност на сите постројки кои се однесуваат на надворешниот дел. За вкупните количини на генерирани и досега предадени количини согласно изработени годишни извештаи за постапување со отпад кои се доставени до МЖСПП, доставен е писмен Баланс Извештај (Табела).

ФИЛТЕР ПРАШИНА 2015-2025ГенериранаПредадена
20151.7752.224
20163.1623.439
20173.7001.721
20182.9081.495
20192.9020
20202.0770
20211.8931.949
20221.6980
20232.9620
20243.6893.044
20253.1106.449
ВКУПНО29.87720.321
9.556

Приложен е и Извештај бр.142/2021 од хемиска анализа на примерок од почва со датум на изведување на тестирањето 09.03 до 12.03.2021 година. Анализите ги изготвил правниот субјект РЖ Техничка Контрола, Скопје акредитирана лабораторија за следните параметри Кадмиум, Бакар (неакредитирана метода), Олово и Цинк.

Сите превземања на отпад се пропратени со соодветни транспортни и идентификациони формулари, а нема мешање на различните видови на отпад кои се одложуваат на повеќе локации кај правниот субјект.

  • ПРИ ИНСПЕКЦИСКИОТ НАДЗОР СЕ УТВРДЕНИ СЛЕДНИТЕ НЕПРАВИЛНОСТИ :
  • Не е изготвена Годишна програма за постапување со отпад за 2026, односно триогдишен период согласно Законот за управување со отпадот.
  • На дел од локациите каде се одлага отпад се оштетени или не постојат соодветни табли за обележување согласно Законот за управување со отпад.
  • Постои прелевање на содржината на филтерската прашина од џамбо вреќите на почвата на повеќе места на плацот, спротивно на условите на складирање од А-ИЕД.
  • Согласно утврдените неправилности изготвено е Решение бр.ИП1 29-99 од 04.02.2026 година кое е примено на ден 05.02.2026 година од страна на правниот субјект со три задолжувања и рокови за реализација на истите, од кои по едно е веќе постапено, односно изготвена е Годишна Програма за постапување со отпад за период 2026-2028 година и истата е доставена до МЖСПП, по останатите две задолжувања правниот субјект е во фаза на постапување.

Со утврдената неправилност согласно записникот е сторена повреда согласно член 212-ж став (1) точка 5, а во врска со член 95 од Законот за животната средина, односно операциите во инсталацијата не се спроведуваат согласно со условите утврдени во интегрираните дозволи и за сторената законска повреда согласно член 212-г од Законот за животната средина е изготвен Записник за спогодување. Санкцијата за голем трговец, како во случајов е максимални 180.000-200.000 евра во денарска противвредност, односно максимални 10.000 евра во денарска противввредност за одговорното лице во правното лице. Доколку не биде потпишан Записникот за спогодување, предметот се упатува во Основен Кривичен Суд Скопје, Оддел за прекршоци за понатамошно постапување.

Во меѓувреме отпочнато е постапување и по останатите две задолженија, а исто така е добиена и увозната дозвола од страна на Бугарија-Министерството за животна средина и води и доставено е известување дека Макстил АД, Скопје од 23.02.2026 година веќе започнува со извоз на филтер прашина во Бугарија. Согласно А-ИЕ Дозвола покрај мерења на диоксини и фурани, се вршат и мерења на застапеност на метали како и радиоактивност во филтер прашината. Потпишан е договор и со правен субјект ДИНЕ, Велес за превземање на отпадни гуми и отпочнат е процесот, а исто така се доставени и 4 Извештаи од 2025 година изготвени од акредитирана лабораторија за животна средина Технолаб, Скопје за извршени меерења на квалитет на амбиентен воздух во околина на Макстил АД, Скопје, локација во нас.Железара, до градинка за цврсти честички, каде согласно извештаите само два дена имало надминување на граничната вредност за PM10, а исто така се врши и анализа за определување на тешки метали во амбиентниот воздух (Олово, Кадмиум, Никел и Жива).

Записникот за спогодување во меѓувреме е потпишан од страна на правниот субјект и истиот со целокупната документација согласно регулативата ќе биде поднесен до Комисијата за спогодување при Министерството за животна средина и просторно планирање на понатамошно одлучување.

Решението е достапно на следниот линк: Pешение 29-99 04.02.2026 Mакстил

Мета податоци
Контакт
Државен инспекторат за животна средина
Палата „Емануел Чучков“, 5ти спрат,
Центар, Скопје 1000,
Република Северна Македонија
Skip to content