Акциски план со краткорочни мерки за чист воздух за период: ноември 2025 – март 2026 година
Извештај од спроведени инспекциски надзори од страна на Државен Инспекторат за животна средина преку државни инспектори за животна средина согласно Месечен План за работа за ноември и декември 2025 (1.11-15.12)
Согласно заклучокот на Владата на РСМ во периодот од 1 ноември до 15 декември 2025 година извршени се инспекциски надзори во следните инсталаци со А – ИЕД и останати правни субјекти:
- Извршен е инспекциски надзор бр. 29-965 од 29.10.2025 година, врз ДГТУ ГАМА ГРАДБА ДООЕЛ Скопје . Асфалтната база Гама Градба е инсталација за производство на асфалт на локацијата на површинскиот коп за експлоатација на минерална суровина-варовник на локалитетот КРСТ-ОСИНЧАНИ, Општина Студеничани, При увид на теренот асфалтната база не беше во работен режим. Во изминатиот период асфалтната база била во работен режим повремено согласно добиените налози за производство на асфалт. Инсталацијата не извршила мерење на емисии во воздух од стационарни извори. Задолжена е со решение бр. 29-965 од 31.10.2025 година да изврши мерења.
- Извршен е инспекциски надзор бр. 29-1086 од 12.11.2025 година врз Јавното претпријатие УЛИЦИ И ПАТИШТА Скопје – Асфалтна база лоцирана во кругот на поранешната фабрика Железара, општина Гази Баба, Скопје. Асфалтната база не е во редовен работен режим, при надзорот се констатираше дека не се вршат активности за производство на асфалт. Инсталацијата извршила мерења на емисиите во воздух од стационарни извори на 09.10.2025 година со акредитирана метода MKC EN ISO/EC 17025-2018 преку лабораторија ТЕХНИЧКИ ИНСТИТУТ МАКЕДОНИЈА Скопје, за кое што е изработен е Лабораториски Извештај бр. 3535/3/2/25 од тестирање на емисии на штетни материи од асфалтнтата база. Резултатите од извршените испитувања покажуваат дека концентрациите на прашина, сулфур диоксид, азотни оксиди и јаглерод моноксид се во дозволените граници, односно нема надминување на ГВЕ-Граничните Вредности на Емисија согласно Правилникот за гранични вредности за дозволените нивоа на емисии и видови на загадувачки субстанци во отпадните гасови и пареи кои ги емитираат стационарните извори во воздухот (Службен везник на РМ бр. 141/2010 и 223/2019).
- Извршен е инспекциски надзор бр. 29-1084 од 13.11.2025 година во правен субјект ЛИБЕРТИ АД инсталација за производство и промет со производи на црна металургија – ладно валан, поцинкован и пластифициран лим Скопје. Инсталацијата не е во работен режим. Производствени активности не се одвиваа во погонот поцинкална и погонот ТАНДЕМ, Лужилница и Жарни печки не беа во работен режим и во текот на цел изминат период од 2025 година за кое што се известени со допис УЖС-Управата за животна средина при МЖСПП и ДИЖС. Во работен режим беше еден котел кој се користи за парно греење на сите простории во објектот. Инсталацијата согласно дозволата извршила мерење на емисиите во воздух на 23.09.2025 година, со акредитирана метода MKC EN ISO/EC 17025-2018 за кои што е изготвен лабораториски Извештај бр.507/25 од страна на акредитирана лабораторија за животна средина и безбедност при работа ТЕХНОЛАБ ДОО Скопје, според кој сите анализирани параметри се во ГВЕ, односно нема надминување на ниту еден анализиран параметар и истите се во согласност со Правилникот за граничните вредности за дозволените нивоа на емисии и видови на загадувачки субстанци во отпадните гасови и пареи кои ги емитираат стационарните извори во воздухот (Службен весеник на РМ бр. 141/2010 и 223/2019).
- Извршен е инспекциски надзор бр. 29-1085 од 14.11.2025 година кај правен субјект ЕСМ Производство на топлина ДООЕЛ Скопје. Субјектот на надзор ја врши дејноста производство на топлинска енергија со проектиран капацитет од 293,93 MW, каде се инсталирани вкупно пет вреловодни погонски единици од типот ВКСМ кои произведуваат топлинска енергија и две парни погонски единици од типот БКГ кои што не се во функција од 2015 година. Мерењата на емисии во воздух од стационарни извори се извршени со акредитирана метода MKC EN ISO/EC 17025-2018 од страна на акредитирана лабораторија за животна средина ТЕХНОЛАБ ДОО Скопје на 14.03.2025 година за кои што изработен и Лабораториски Извештај бр. 136/25 од 26.03.2025 година, од тестирање на емисии на штетни материи ЕСМ производство на топлина ДООЕЛ Скопје. Резултатите од извршените испитувања покажуваат дека концентрациите на Цврсти честички – прашина, сулфур диоксид, азотни оксиди, јаглерод моноксид и јаглерод диоксид се во дозволените граници, односно нема надминување на ГВЕ согласно Правилникот за гранични вредности за дозволените нивоа на емисии и видови на загадувачки субстанци во отпадните гасови и пареи кои ги емитираат стационарните извори во воздухот (Службен везник на РМ бр. 141/2010 и 223/2019) .
- ГД ГРАНИТ АД Скопје-подружница Кичево, извршен контролен инспекциски надзор на ден 03.11.2025 согласно член 198 од Законот за животната средина, даденото Решение и согласно член 200 од Закон за животната средина е изготвено останато решение-задолжување за да ги доведе во (МДК-ГВЕ) вредностите на некои параметри на отпадните води од таложникот на базата.
- ДГ РЕИС ИНВЕСТ с.Желино, Желино, извршен контролен инспекциски надзор на ден 12.11.2025 година согласно член 198 од Закон за животната средина и даденото Решение. Правниот субјект постапил по даденото решение и се отстранети неправилностите.
- АД ИГМ Еленица, Струмица до Министерство за животна средина и просторно планирање Управа за животна средина има доставено Предмет: Известување за обнова на А интегрираната еколошка дозвола за АДИГМ Еленица Струмица со бр. 03 – 383/1 од 02.09.2025 година.
АД ИГМ Еленица Струмица согласно А Интегрираната Еколошка Дозвола бр.11-3551/3 од 25.06.2019 година има изготвено Годишен извештај за животна средина за 2024 година, бр. 03 – 152/1 од 26.03.2025 година.
Годишен извештај за животна средина за 2024 година на 27.03.2025 година е доставен до Министерство за животна средина и просторно планирање.
АД ИГМ Еленица Струмица со акредитирана лабораторија за животна средина ЕУРОМАК КОНТРОЛ ДОО Скопје има извршено Мерењата на концентрација на загадувачки супстанции и цврсти честички прашина од емитер – тунелска печка, доставен е на увид:
Извештај од тестирање бр. 226 – 2/25, локација АД ИГМ Еленица Струмица (Емитер – тунелска печка). Мерењата на концентрација на загадувачки супстанции и цврсти честички прашина од емитер – тунелска печка, извршени на 07.10.2025 година од акредитирана лабораторија за животна средина ЕУРОМАК КОНТРОЛ ДОО Скопје, на мерните места:
Мерно место бр. 1 – Оџак од Тунелска печка на Еленица Струмица, гориво петрол кокс, при процес печење на тули, резултатите од мерењето на концентрацијата на загадувачки супстанции во отпадните и цврстите честички (вкупна прашина) што се емитираат во животната средина, споредени со ГВЕ, согласно издадена А Интегрираната еколошка дозвола се во дозволени гранични вредности на емисија.
- АД за Неметали Огражден ДООЕЛ, Струмица согласно Измена на А – Интегрирана еколошка дозвола број УП1- 11/3 – 1329/2022 од 24.01.2024 година издадена од Министерство за животна средина и просторно планирање има изготвено Годишен извештај за животна средина за 2024 година, бр. 54-1/25, со број од АД за Неметали Огражден ДООЕЛ Струмица бр.01-73 од 26.03.2025 година.
- Годишен извештај за животна средина за 2024 година од АД за Неметали Огражден ДООЕЛ Струмица со бр.03-72 од 26.03.2025 година е доставен до Министерство за животна средина и просторно планирање на 27.03.2025 година. Во АД за неметали Огражден ДООЕЛ Струмица при процес мелење, просејување, сушење на суровината се создава ситните честици прашина која се испушта низ систем за отпрашување од 5 филтри, во животната средина. Мерења на концентрации на загадувачки супстанции од емитер, цврсти честички (вкупна прашина), во животната средина што се емитира од филтрите и Мерења на концентрација на суспендирани честички со големина од 10 µm (РМ 10) во амбиентален воздух од АД за Неметали Огражден ДООЕЛ Струмица не се доставени на увид, со Решение број ИП1 29 – 1105 на 17.11.2025 година, во рок од 10 дена се задолжени да извршат мерења и истите да ги достават до Државен инспекторат за животна средина.
- ИГМ ВРАТНИЦА, извршен инспекциски надзор на ден 11.11.2025 година согласно член 198 од Законот за животна средина и даденото Решение со задолжување да изврши мерења за бучава емитирана во животната средина и емисија на ПМ10 честички.
- ДПТУПУ СИС БОГДАНОВСКИ ПЛАСТ ДООЕЛ Непроштено Теарце, извршен вонреден инспекциски надзор на ден 12.11.2025 година согласно член 198 од Законот за животната средина и Решение со задолжување да изврши мерења за бучава емитирана во животната средина и емисија на ПМ10 честички.
- Х-У.АД. Македонија Турист Скопје, Подружница Хотел Белви Илинден-Скопје, инспекциски надзор, издадено решение да направи мерења на емисија на гасови.
- ДППТУ. Алпхапхарм Гроуп ДОО Скопје, инспекциски надзор, издадено решение да направи мерења на емисија на гасови.
- ДПТУ.Мајами ДОО Идризово-Скопје, инспекциски надзор, издадено решение да направи мерења на емисија на гасови.
- ДГДТУ. Полиестердеј ДООЕЛ Скопје, инспекциски надзор, нема неправилности.
- ДПТУ МСД Карс Гевгелија, контролен инспекциски надзор, нема неправилности..
- Тони Крстев Валандово, контролен инспекциски надзор, нема неправилности..
- ДПТГ Еуро инг Гевгелија, инспекциски надзор, нема неправилности.
- Извршен е инспекциски надзор бр.29-1129 од 19.11.2025год, кај правен субјект ДПЕТЕ ТЕ-ТО АД Скопје инсталација со А-ИЕД, согласно Законот за животната средина и Законот за управување со отпад. Согласно А-ИЕД квартално се врши мониторинг на квалитетот на отпадните и подземни води, а еднаш годишно се врши мерење на нивото на бучава емитирана во животната средина. Добиените резултати од извршените мерења на наведените параметри не ги надминуваат дозволените ГВЕ според А-ИЕД. Добиените вредности на измерените концентрации на SO2 присутни во емисијата на гасови од емитерот на гасната турбина не ги надминува ГВЕ изразени во mg/m3, кои за SO2 изнесуваат 10 mg/m3. Добиените вредности на измерените параметри се во дозволени гранични вредности на емисија согласно А-ИЕД и важечките подзаконски акти.
- Извршен е контролен инспекциски надзор бр.29-873 од 19.11.2025год, кај правен субјект Хаби –Градба с.Суводол Македонски брод. Претходно е извршен вонреден инспекциски надзор на ден 18.09.2025год со бр.29-873 и е издадено решение на 23.09.2025год со бр.29-873 за задолжување да извршат мерење на емисија на ПМ10 честички во воздухот. Направен е контролен инспекциски надзор на ден 19.11.2025 год со бр.29-873, постапено е по издаденото решение и нема надминување на емисии на ПМ 10 честички согласно регулативата.
- Извршен е инспекциски надзор бр.29- 1151 од 25.11.2025 год, кај правен субјект Везе Шарри с.Требош Општина Желино, носител на А-ИЕД издадена од МЖСПП кој врши дејност 10.47- одгледување на живина. Правниот субјект согласно дозволата е обврзан да изврши мерења на емисии на гасови и емисија на бучава емитирана во животната средина. Цел на мерењата е одредување на концентрација на емисии на гасови H2SO4, CO и NH3 на две мерни места и одредување на ниво на емисии и бучава од живинарската фарма на едно работно место. Мерењата се реализирани на ден 14.07.2025 год и доставен е извештај со бр.1300-15860/2 од извршени мерења од страна на Универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Факултет за Ветеринарна медицина и храна, Скопје, согласно добиениот заклучок емисиите на загадувачките супстанции во воздух согласно Правилникот за гранични вредности за дозволеното ниво за емисии и видови на загадувачки супстанции во отпадни гасови и пареи кои ги емитираат стационарните извори во воздухот ( Сл. Весник на РСМ бр.141/2010), согласно А-интегрираната еколошка дозвола на Везе Шарри и Емисии на бучава во животна средина не ги надминуваат ГВЕ, односно истите се во граници на дозволеното.
- Извршен е вонреден инспекциски надзор бр.29-1103 од 13.11.2025год, во правен субјект ТЕХНОПАВЕР Скопје –подружница Велес за да се утврди дали операциите во инсталацијата во однос на спроведување со емисиите во амбиентниот воздух се спроведуваат согласно условите утврдени во А-ИЕД. Констатитрно е дека е потребно да се достави Извештај со резултатите од спроведениот мониторинг на честички ПМ10 во амбиентниот воздух до Државен инспекторат за животна средина, заради што ќе биде издадено решение за постапување. Субјектот на надзор пред рокот на доставување на решението, до ДИЖС достави Извештај од испитување со бр.85/25 од извршени мерења на ниво на бучава и концентрација на прашина со големина на честички 10 ПМ од локација Каменолом Техно Павер ДООЕЛ Скопје, по што на 17.11.2025 год е спроведен контролен надзор при кој се констатира дека во предметниот Лабораториски извештај е спроведен 24 часовен мониторинг на квалитет на амбиентниот воздух. Согласно од резултатот од извршениот мониторинг (кога инсталацијата е во постојан и потполн режим на работа), концентрацијата на суспендирани честички во амбиентниот воздух изнесува 15,78 µм од дозволените 50 µм, односно емисиите на суспендирани честички во амбиентниот воздух не ги надминуваат граничните вредности согласно Уредбата за гранични вредности на нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух. За време на вонредниот и контролниот инспекциски надзор инсталацијата не врши производство од 09.2025год, односно врши само продажба на залихи на произведен материјал.
- Извршен е инспекциски надзор бр.29-1105 од 14.11.2025год, во правен субјект АД за Неметали Огражден ДООЕЛ Струмица издадено е решение со бр.ИП1-29-1105 од17.11.2025, во рок од 10 дена се задолжени со акредитирана лабораторија за животна средина да извршат мерења на концентрации на загадувачки супстанции од емитер, цврсти честички (вкупна прашина), во животна средина што се емитира од од АД за Неметали Огражден ДООЕЛ Струмица. Мерењата да се достават до Државен инспекторат за животна средина.
- Извршен е вонреден инспекциски надзор бр.29-1122 од 18.11.2025год, во правен субјект ДРТУ МЕЛКАМ ИНЖЕНЕРИНГ ДОО СКОПЈЕ. Согласно Уредбата за определување на активности на инсталациите за кои се издава интегрирана еколошка дозвола односно дозвола за усогласување со оперативен план и временски распоред за поднесување на барање за дозвола за усогласување со оперативен план (Службен Весник на РМ бр.89/05) во член 3 се определени инсталации за кои е потребно да се прибави Б-интегрирана еколошка дозвола пред отпочнување со работа. Активноста експлоатација на минерална суровина која треба да ја врши ДРТУ Мелкам Инженеринг ДОО Скопје спаѓа во Прилог 2 од Уредбата, точка 3 Индустрија на минерали подточка 3.2.Инсталации за ископ, дробење, мелење, сеење, загревање на минерални суровини доколку не се опфатени со Прилог 1 од ова Уредба. Согласно Член 106 став 1 од Законот за животна средина ( Сл. Весник на РМ бр.53/2005…99/2018.. и Сл.Весник на РСМ бр.89/2022,171/22 и3/2025) Сектор за индустриско загадување и управување со ризик, Управа за животна средина при МЖСПП има издадено Решение за одбивање да се издаде Б-интегрирана еколошка дозвола на ДРТУ Млекам Инженеринг ДОО Скопје со Арх.бр.УП1-11/3-1170/2023 од 24.09.2025. Во моментот на надзорот нема експлоатација на минерална суровина варовник на концесискиот простор.
- Извршен е вонреден инспекциски надзор во соработка со овластен инспектор за животна средина од Градот Скопје бр.29-1133 од 20.11.2025год, во правен субјект Титан УСЈЕ АД СКОПЈЕ, во период од 22.30 до 00.15 часот. При надзорот најнапред е извршена обиколка на производствениот погон за цементен клинкер, каде во моментот на надзорот се вршеа ремонтни активности на рото печка (линија) 4 која е надвор од редовно функционирање поради ремонтни активности од 12.11.2025 година, а со писмен допис се известени и МЖСПП и ДИЖС. При надзорот визуелно е утврдено дека согласно планот за работење на правниот субјект во функција е единствено рото печка (линија) 3.По увидот во производствениот погон направена е обиколка до местото каде е лоцирано алтернативното гориво, на лице место на складот имаше дрвени палети, пластични пакувања од хортикултурен расад, како и остатоци од текстил, сите категоризирани како неопасен отпад кој согласно А-ИЕД (бр.11-714/5 од 12-03-2020 година, со важност од седум години) е дозволено да ги користи правниот субјект. Надзорот продолжи со увид кај постројката каде се гористи алтернативно гориво, каде покрај остатоци од текстил, евидентирана е и оризова арпа (лушпа), како и остатоци од текстил. Потоа е извршен увид на локацијата каде е складиран петрол коксот кој е доминантен енергенс при производството на цементен клинкер. Како енерегенс за котларата за загревање на административните простории се користи природен гас, последен извештај од извршено мерење на емисии во воздухот од страна на акредитирана лабораторија за животна средина Технолаб, Скопје е извршено на ден 13.11, а обработката и Извештајот се изготвени на ден 18.11. Извештајот официјално ќе биде доставен до ДИЖС при што ќе биде извршен дополнителен инспекциски надзор. Извештајот во електронска форма беше разгледан, во заклучокот од истиот стои дека согласно регулативата нема надминување на ГВЕ. На крајот е направена посета на Инфо-Контролната соба каде се следи целиот технолошки процес на компанијата, а исто така има поставено и видео надзор за мониторинг на компанијата и непосредната околина. Доставени се податоци од континуираниот 24 часовен мониторинг за следење на емисиите во воздухот за последни три деноноќиа (16-18.11, среднодневни вредности, сите параметри се во рамки на дозволените нивоа). Во правниот субјект се копроцесира алтернативно гориво, фракции (монофракции) од неопасен отпад кои се генерираат исклучиво во Македонија. Приложени на увид примероци од транспортни и идентификациони формулари кои се водат согласно регулативата. Пред било кое алтернативно гориво да се користи во правниот субјект, се прават посебни предпроверки за усогласеност со дозволата, по што се склучува меѓусебен договор. Согласно А-ИЕД, правниот субјект доставува Годишен Извештај за животна средина за претходна година, како и Годишен Извештај за постапување со отпад за претходна година. Нема утврдени неправилности при инспекцискиот надзор.
- Извршен е инспекциски надзор бр.29-1206 од 10.12..2025год, во правен субјект ДПТ Дојран Стил Николич Дојран. Правниот субјект има добиено А-ИЕД издадена од МЖСПП со бр.УП1-11/3-2568/2023 од 16.05.2025 год. Согласно издадената дозвола како енергенс се користи гас-метан и нема емисии во воздух од стационарен извор. Согласно издадената дозвола има извршено мерења и анализи на отпадни води влез и излез од пречистителна станица. Извештај од тестирање бр 5146 од 12.06.2025, од увидот на анализи се констатира дека се во рамките на максимална дозволена вредност. Извршени се мерења на на вибраци, јонизирачко зрачење, бучава емитирана во животната средина, квалитет на амбиентниот воздух концентрација од цврсти честички од филтри стационарен извор и погон CO2. Мерењата се извршени од старана на акредитирана лабораторија за животна средина Технички Институт Македонија. При надзорот не се утврдени неправилности.
- Извршен е инспекциски надзор бр.29-1207 од 11.12.2025, во правен субјект ДГТ Жикол Струмица Асфалтна база Валандово. Во моментот на надзорот асфалтната база и бетонската база се во работен режим, односно се произведува асфалт и бетон. Согласно Член 95 имаат А-ИЕД со бр.УП1 11/3-1961/2021 од 28.10.2022год. Согласно предвидените мерења и анализи во дозволата при увидот се достави Извештај од испитување бр.228-1/25 од 03-401 од 21.10.2025 год. Од увидот во мерења се констатира: Мерно место 1 постројка за сушење и загревање на минерален агрегат цврсти честички прашина се во дозволени вредности, мерно место 2 силос за филтер цврсти честички прашина се во дозволени вредности, мерно место 3 котел за загревање е во дозволени вредности. При надзорот не се утврдени неправилности.
- Извршен е инспекциски надзор бр.29-1222 од 09.12.2025 год, во правен субјект ДГПТУ Битем ДООЕЛ Скопје согласно Закон за животна средина. Предмет на надзорот е новоиздадена А–ИЕД која е доставена од МЖСПП, УЖС до ДИЖС на ден 03.10.2025год. Во однос на Емисии во воздух наведени се 3 емисиони точки: постројка за сушење и загревање на минералниот агрегат, котел за загревање и силос за филтер.Во табела 6.1.2 се наведени ГВЕ и фреквенција на мониторниг, 2 пати годишно на параметри: прашина, јаглероден диоксид, азотни оксиди изразени како Азотен диоксид и чаднокатрански број. Останати емисии не се очекуваат (вода и почва). Во почетокот на 2026 година по отпочнување со редовно функционирање по зимската пауза ќе бидат направени мерења на емсиии во воздухот согласно А-ИЕД. При надзорот не се утврдени неправилности.
- Извршен е инспекциски надзор на 10.12.2025год, во правен субјект Вардар Доломит, Гостивар при надзорот нема утврдени неправилности.
- Извршен е инспекциски надзор на 12.12.2025год, во правен субјект Геотехника Штип, при надзорот не се утврдени неправилности.
- Извршен е инспекциски надзор на 12.12.2025год, во правен субјект Винер Бергер ДООЕЛ Виница, при надзорот не се утврдени неправилности.
ДРЖАВЕН ИНСПЕКТОРАТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА