ПРИЈАВИ ЗА ДИЖС ЗАКОНИ НОВОСТИ ПРОЕКТИ ИЗВЕШТАИ ПРОГРАМА ИНСПЕКЦИСКИ АКТИ КОНТАКТ/ЛОКАЦИЈА
 
ДИЖС
Неделни извештаи за инспекциски надзори на ДИЖС
Регистар на субјекти на надзор и инспекциски извештаи
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Што значи инспекција во животната средина и нејзино спроведување?
Околу проектот
Активности поврзани за проектот
Спроведување на законите за животна средина во ЕУ
Документи и линкови
Media Галерија
Контакти/Локација
Логирање на Basecamp
 
 
 
 
Новости и активности поврзани за проектот
 
06.11.2015 | Втора анализа на постоечкиот систем за управување со процесот на работа (BPMS) во ДИЖС

Во периодот помеѓу 2ри и 5ти ноември, 2015 година, полскиот експерт г-дин Adam Nadolski и хрватскиот експерт г-ѓа Јасминка Драженовиќ продолжија да го подржуваат Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) при тестирање и планирање на активностите за потполна имплементација и одржување на системот за управување со процесот на работа во ДИЖС анализирајќи го софверот кој се користи во моментот и правејќи проценка на потенцијалните недостатоци и слаби точки за натамошна доработка. Со ИТ експертите кои го дизајнираат BPMS системот за ДИЖС беше дискутирано за потенцијалните точки на софтверот.

Беше финализиран извештајот за оценка на BPMS системот за ДИЖС вклучувајќи го тестирањето и планот за имплементација како и предлози за содржините на наредните мисии поврзани со BPMS системот и софтверот за поддршка на работата на инспекторите, иако тоа може да биде предмет на некои надградби бидејќи BPMS системот сеуште не е пополнет со инспекциските процеси и тестиран од страна на инспекторите.

Беа разгледани соодветните делови од Прирачникот за инспекција кој беше изработен во рамките на активноста 1.2, со цел да се обезбеди компатибилност со BPMS системот на ДИЖС и корисни референци.

Со Постојаниот твининг советник и Постојаниот твининг советник од македонска страна беа дискутирани клучните чекори за имплементација на BPMS софтверот кој се користи од страна на инспекциските служби за животна средина во Полска и во Хрватска, истакнувајќи ги добрите практики и научените лекции за време на процесот на нивно создавање и одржувањето и надградувањето што ќе следи.

За време на мисијата беше организиран состанок со претставници на Инспекцискиот совет во врска со проектот EuropeAid/136671/IH/SER/MK „Реформи во јавната администрација и е-влада“ со цел да се разменат информации за проектот и продолжување на комуникацијата за овие теми  како и добивање на идеи за финалниот софтвер за е-инспекторат кој ќе се достави за работата на сите македонски инспекторати и во функција на тоа да се обезбедат корисни предлози. 

Документи:

 

 
 
 
НОВОСТИ И АКТИВНОСТИ
 
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2023 За унапредување на 4 (четири) административни службеници во Државниот инспекторат за животна средина
10.4.2023

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став ( ...

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 03/2022 За унапредување на 1 (еден) административен службеник
29.12.2022

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став 4 од Законот за администрати ...

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 673/2022
21.12.2022
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 2/2022 За унапредување на 1 (еден) административен службеник
15.12.2022

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став 4 ...

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2022 За унапредување на 4 (четири) административни службеници-инспектори
05.12.2022

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став 4 ...

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 581/2022 за вработување на 1 државен службеник од група I, подгрупа I во Државен инспекторат за животна средина
26.11.2022