ПРИЈАВИ ЗА ДИЖС ЗАКОНИ НОВОСТИ ПРОЕКТИ ИЗВЕШТАИ ПРОГРАМА ИНСПЕКЦИСКИ АКТИ КОНТАКТ/ЛОКАЦИЈА
 
ДИЖС
Неделни извештаи за инспекциски надзори на ДИЖС
Регистар на субјекти на надзор и инспекциски извештаи
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Што значи инспекција во животната средина и нејзино спроведување?
Околу проектот
Активности поврзани за проектот
Спроведување на законите за животна средина во ЕУ
Документи и линкови
Media Галерија
Контакти/Локација
Логирање на Basecamp
 
 
 
 
Новости и активности поврзани за проектот
 
03.6.2016 | Мисија 2.2.8: Обука за заеднички интегрирани инспекции во животната средина, за Југозападниот регион и Пелагонија регионот

Во периодот од 30ти мај  до 02ри јуни 2016 година, шпанските експерти г-ѓа Eva Escobar, г-ѓа Ana Ameztoy и г-дин José Francisco Alonso Picón,, во рамките на мисијата 2.2.8, спроведоа обука за извршување на инспекциски надзор во согласност со најдобрите практики на ЕУ, во соработка со две пилот инсталации, Мермерен комбинат и Прилепска пиварница.

Во групите за обука, од југозападниот регион и од Пелагонија регионот, земаа учество државни инспектори за животна средина, овластени локални инспектори за животна средина, како и пишувачи на дозволи.

На 30-ти мај на експертите одржаа средба во Скопје со претставници на Инспекциски Совет на Република Македонија, каде што го споделија своето искуство на неколку прашања од интерес на Инспекцискиот совет (квалификации на инспекторите, обука на инспекторите, оценување на инспекторите и нивната активност, планирање врз основа на проценка на ризикот, итн.) Покрај тоа, истиот  ден експертите ги направија последните подготовки за обука на останатите 3 дена.

Обуката се реализираше согласно следниот редослед:

  • Ден 1: Групата која беше поделена на две подгрупи се обучуваше за начинот како да подготви инспекција преку подготовка на листа за проверка и програма (агенда) за инспекцијата, користејќи ги образците изработени во рамките на проектот како почетна основа, како и релевантните документи од инсталацијата (дозволата, мониторинг извештаи).
  • Ден 2: Беше реализирана инспекција на лице место. Едната група беше во мермерен комбинат,  другата група во Прилепска  пиварница.
  • Ден 3: Двете подгрупи беа обучувани за подготовка на инспекциски извештаи. Беше ставен акцент на тоа како инспекциските резултати имаат влијание за подобрување на квалитетот на дозволите, да се прилагоди зачестеноста на инспекциите и да се дефинираат некои клучни точки при наредните инспекции.

За време на првиот ден од обуката (31ви мај) учесниците беа поздравени од страна на градоначалникот на Прилеп, г-дин Марјан Ристески, и беше направено интервју кое беше објавено во печатените и телевизиските медиуми, http://www.prilep.gov.mk/news/mk/proektot-jaknenje-na-administrativnite-kapaciteti-na-centralno-i-lokalno-nivo-vo-oblasta-na-zivotna-sredina-se-oddrza-vo-prilep/.

Документи (образците исто така се достапни и во делот „документи и линкови“ на оваа веб страница):

 
 
 
НОВОСТИ И АКТИВНОСТИ
 
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2023 За унапредување на 4 (четири) административни службеници во Државниот инспекторат за животна средина
10.4.2023

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став ( ...

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 03/2022 За унапредување на 1 (еден) административен службеник
29.12.2022

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став 4 од Законот за администрати ...

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 673/2022
21.12.2022
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 2/2022 За унапредување на 1 (еден) административен службеник
15.12.2022

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став 4 ...

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2022 За унапредување на 4 (четири) административни службеници-инспектори
05.12.2022

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став 4 ...

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 581/2022 за вработување на 1 државен службеник од група I, подгрупа I во Државен инспекторат за животна средина
26.11.2022