Во периодот помеѓу 1ви и 5ти фебруари, 2016 година, шпанскиот експерт г-дин Manuel Salgado и италијанскиот експерт г-дин Romano Ruggeri ја одржаа втората мисија за дополнителни алатки за поддршка на инспекторите изготвувајќи ги следните документи:
- Завршна верзија на документот со предлози за индикатори на перформанси за оценување на работата на инспекторите и на Државниот инспекторат за животна средина.
- Документ во кој се објаснува која е улогата што ДИЖС може да ја има како придонес за соодветно исполнување на обврските на ЕУ за известување поврзани со Севесо III, ИЕД и Европскиот регистер на испуштање и пренос на загадувачки материи, како и практични совети за да се игра таа улога.
- Документ во кој се објаснуваат барањата за инспекцискиот систем во врска со прекугранична испорака на отпад (TFS), а можни чекори за реализација.
Со цел да се дискутира за статусот на транспонирање и имплементација на одредбите од директивата за прекугранична испорака на отпад, беа одржани состаноци со претставници на МЖСПП надлежни за управување со отпад и легислатива.
Документи: