Врз основа на резултатите добиени од мисијата 2.1.1, целите на следната мисија 2.1.2 која се одржа во периодот 23-26 март 2015 година беа да се финализира извештајот за правната оценка и да се даде првиот пакет на препораки за изработка на идниот Закон за инспекција во животната средина. Хрватската експертка г-ѓа Anita Pokrovac и холандскиот експерт г-дин Steffen van der Velde имаа неколку средби со локалните експерти од Државниот инспекторат за животна средина, од Министерството за животна средина и просторно планирање, ЕУ проектот за техничка помош „Зајакнување на капацитетите за имплементација на законодавството во животната средина на локално ниво“ и една теренска посета на ИСКЗ инсталација (Алкалоид), заедно со експертите од мисијата 1.1.2.
Со корисниците беше договорено да се дискутираат две опции за новиот Закон; едната опција ќе се заснова на премисата дека моменталната распределба на инспекциските надлежности на централно и локално ниво ќе остане како и досега, а другата премиса ќе се заснова на поефикасен и централизиран систем за проверка, како што се искуствата од земјите членки на ЕУ.
Заклучоците од оваа мисија ќе бидат земени предвид при изработка на правната анализа во рамките на мисијата 1.1.2.
Агендата за мисијата 2.1.3, како и пристапот за наредните мисии кои се поврзани со правната оценка и изработката на новиот Закон за инспекција во животната средина беа исто така дискутирани и со Постојаниот советник на твининг проектот.
Извештајот од правната оценка и табелата со анализата на усогласеност на Законот за животна средина и Законот за инспекциски надзор може да ги преземете подолу.
Релевантни документи: