Во периодот помеѓу 9ти и 13ти мај, 2016 година, холандските експерти г-дин Marc du Maine и г-дин Bram Segijn, во рамките на мисијата 1.3.8, се реализираа серија на обуки за подобрување на комуникациските вештини на инспекторите од два региона, за подобрување на тимската работа помеѓу инспекторите од Државниот инспекторат за животна средина и пишувачите на дозволи, како и градење на капацитетите како обучувачи на селектирана група инспектори кои подоцна ќе станат обучувачи на другите инепсктори.
Во групите беа вклучени инспектори за животна средина на централно и локално ниво како и пишувачи на дозволи од Југоисточниот и Вардар регионот и Југозападниот и Пелагонија регионот.
По завршување на подготвителните активности на 09ти мај, во период од 4 дена (10ти до 13ти мај) беа реализирани обуките, поделени во следниве групи:
- 10ти мај: еднодневна обука за вештини за групата од Југоисточниот регион и Вардар регионот .
- 11ти мај: еднодневна обука за вештини за групата од Југозападниот регион и Пелагонија регионот.
- 12ти мај: еднодневна обука за градење на тим за инспеккторите од ДИЖС и пишувачите на дозволи која се заснова на дискусија за контрола и подобрување на перформансите на селектираните индустриски сектори .
- 13ти мај: Обука за обучувачи за селектирана група на инспектори.
Обуката која се одржа во Гевгелија на 10ти мај, беше подготвена репортажа која се емитуваше на локалната ТВ Нова.
За време на мисијата исто така беше изработена агенда за мисијата 1.3.9.
Документи: