Во периодот помеѓу 29ти и 1ви април 2016 година, грчкиот експерт г-дин Dimitris Tsotsos и италијанскиот експерт г-дин Romano Ruggeri, во рамките на мисијата 1.3.6, реализираа обука за спроведување на инспекции во животната средина во насока на најдобрите практики на ЕУ, во соработка со две пилот инсталации, депонијата Дрисла и инсталацијата за електролачна печка за железо и челик, Макстил.
Групата вклучуваше инспектори за животна средина на централно и локално ниво, како и пишувачи на дозволи од скопскиот и полошкиот регион.
По спроведување на последните подготовки на 29ти март, беше реализирана обука од три дена (30ти март до 1ви април), распределена пос следниот редослед:
- Ден 1: Групата која беше поделена на две подгрупи се обучуваше за начинот како да подготви инспекција преку подготовка на листа за проверка и програма (агенда) за инспекцијата, користејќи ги образците изработени во рамките на проектот како почетна основа, како и релевантните документи од инсталацијата (дозволата, мониторинг извештаи).
- Ден 2: Беше инспекција на лице место. Едната подгрупа ја посети депонијата Дрисла а другата подгрупа ја посети инсталацијата-електролачна печка за железо и челик, Макстил.
- Ден 3: Двете подгрупи беа обучувани за подготовка на инспекциски извештаи. Беше ставен акцент на тоа како инспекциските резултати имаат влијание за подобрување на квалитетот на дозволите, да се прилагоди зачестеноста на инспекциите и да се дефинираат некои клучни точки при наредните инспекции.
Документи (образците се достапни исто така и во делот „документи и линкови“ на оваа веб страница):