Во периодот помеѓу 4ти и 8ми мај 2015 година, шпанската експертка г-ѓа María Jesús Mallada и холандскиот експерт г-дин Cees Braams го финализираа извештајот за правна и институционална оценка кој се однесува на инспекцискиот систем за животна средина во Република Македонија, вклучувајќи ги релевантните информации добиени за време на работилниците во рамките на мисијата 1.1.3 и податоците добиени од мисијата 1.2.1.
Беше подготвен првичниот нацрт предлог за прилагодување на инспекциската структура во животната средина како и на програмата за зајакнување на административните капацитети на инспекциските органи за спроведување во животната средина.
Исто така, заедно со Постојаниот твининг советник и Постојаниот твининг советник од македонската страна беше дискутирано за Агендата за мисијата 1.1.5 и првичен нацрт предлог, како и за наредните чекори.
Документи: