ПРИЈАВИ ЗА ДИЖС ЗАКОНИ НОВОСТИ ПРОЕКТИ ИЗВЕШТАИ ПРОГРАМА ИНСПЕКЦИСКИ АКТИ КОНТАКТ/ЛОКАЦИЈА
 
ДИЖС
Неделни извештаи за инспекциски надзори на ДИЖС
Регистар на субјекти на надзор и инспекциски извештаи
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Што значи инспекција во животната средина и нејзино спроведување?
Околу проектот
Активности поврзани за проектот
Спроведување на законите за животна средина во ЕУ
Документи и линкови
Media Галерија
Контакти/Локација
Логирање на Basecamp
 
 
 
 
Новости и активности поврзани за проектот
 
30.7.2015 | Втор состанок на Надзорен комитет 30/07/2015

На вториот состанок на Надзорниот комитет (НК) кој се одржа на 30ти јули, 2015 година во Скопје, се разгледуваше напредокот на проектот во периодот 12ти април до 11ти јули, 2015 година и се дискутираше програмата за наредните 6 месеци (12ти јули, 2015 година до 11ти јануари, 2016 година). На состанокот присуствуваа проектните лидери од шпанска, холандска и македонска страна, претставници на Делегацијата на Европската унија, Министерството за животна средина и просторно планирање, Твининг проектот „Зајакнување на административните капацитети на централно и локално ниво за транспонирање и имплементација на новата Директива за емисси во индустријата 2010/75/EU”, Проектот за техничка помош „Зајакнување на капацитетите за имплементација на законодавството во животната средина на локално ниво“ и проектниот тим. На почетокот на состанокот, раководителот на проектот од шпанска страна истакна дека активностите досега се добро релизирани и ги нагласи надворешните предизвици за усогласување на постоечкиот систем на инспекција со најдобрите практики на ЕУ. Беше усвоен записникот од првиот состанок на Надзорниот комитет.

На состанокот, од страна на Постојаниот твининг советник, беа презентирани Кварталниот извештај 2; Operative Side Letter 3 (Оперативниот пропратен документ) и главните резултати кои произлегоа во последниот квартал, со цел нивна оценка од страна на Надзорниот комитет. Општо, прогресот на проектот беше оценет високо позитивно. Беа наведени главните резултати: активна интернет страница на Државниот инспекторат за животна средина-ДИЖС; предлози за подобрување на инспекцискиот систем во животната средина; предлог структура и содржина на новиот Закон за инспекција во животната средина; нацрт прирачник за инспекција и упатство за најдобри достапни техники -НДТ; како и оценка на потребите од обуки.  Беше спомената можноста да се организираат некои мисии надвор од Скопје со цел поактивно да се вклучат инспекторите од целата држава. Се дискутираше и за можноста претставници на холандскиот  Инспекциски  Совет да се вклучат во некои мисии со цел да разговараат за улогата на таквото тело како опција за оптимизирање на улогата на Инспекцискиот советот во Македонија и неговата поврзаност со другите инспекторати. Исто така беше дискутирано за координација на обуките со претходно споменатиот проект за техничка помош.

Документи:

Агенда 30/07/2015.doc

Презентација- Втор состанок на Надзорниот комитет-Твининг проект 30/07/2015.pptx

 

 
 
 
НОВОСТИ И АКТИВНОСТИ
 
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2023 За унапредување на 4 (четири) административни службеници во Државниот инспекторат за животна средина
10.4.2023

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став ( ...

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 03/2022 За унапредување на 1 (еден) административен службеник
29.12.2022

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став 4 од Законот за администрати ...

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 673/2022
21.12.2022
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 2/2022 За унапредување на 1 (еден) административен службеник
15.12.2022

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став 4 ...

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2022 За унапредување на 4 (четири) административни службеници-инспектори
05.12.2022

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став 4 ...

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 581/2022 за вработување на 1 државен службеник од група I, подгрупа I во Државен инспекторат за животна средина
26.11.2022