ПРИЈАВИ ЗА ДИЖС ЗАКОНИ НОВОСТИ ПРОЕКТИ ИЗВЕШТАИ ПРОГРАМА ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ИНДУСТРИИ МЕДИА ЦЕНТАР
 
Твининг Програма
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Што значи инспекција во животната средина и нејзино спроведување?
Околу проектот
Активности поврзани за проектот
Спроведување на законите за животна средина во ЕУ
Документи и линкови
Media Галерија
Контакти/Локација
Логирање на Basecamp
 
 
 
Новости и Активности
 
01.4.2021 | Отстранета бетонската база што го загадуваше с. Ржаничино и околината

Инспектор од Државниот инспекторат за животна средина по претставка на граѓани и на барање на општината Петровец, која нема овластен инспектор за животна средина, во неколку наврати во текот на месец март изврши надзор во бетонската база АРАДИКО КОП ДООЕЛ, с. Р’жаничино.

 Бетонската база работела врз основа на Елаборат за заштита на животната средина, што Министерството за животна средина го одобрилза проектна документација со предвиден силос за цемент со волумен до 50м3. Но, базата работела со два силоси од по 50 тони, за кој капацитет било неопходно издавање на Б интегрирана еколошка дозвола, што не била обезбедена. Покрај функционирањето без соодветна дозвола, од базата и од тешките товарни возила се ослободувале емисии во воздухот, бучава и вибрации. Дополнително, вишокот на бетон од цистерните се исфрлал во река.

По утврдувањето на незаконското работење, извршено е отстранување на бетонската база од локацијата и чистење на реката, како резултат на инспекциската постапка.

Домаќинствата од блиската населба може да здивнат заради отстранувањето на овој загадувач што долги години бил причина за нарушување на нивното здравје и квалитет на живот.

 

 
 
 
НОВОСТИ И АКТИВНОСТИ
 
Инспекциските постапки на Државниот инспекторат даваат позитивни и охрабрувачки резултати
03.4.2021

Инспекциските постапки даваат резултат: 
✅ вградени се филтри во Пејпар Мил
...

Отстранета бетонската база што го загадуваше с. Ржаничино и околината
01.4.2021

Инспектор од Државниот инспекторат за животна средина по претставка на граѓани и на барање на опш ...

Истрага за загадување и угинување на жив свет во Дебарско езеро
23.3.2021

На 20-ти март до надлежен државен инспектор за животна средина со седиште во Гостивар беше достав ...

Забрана за работа на асфалтна база во Куманово заради прекумерно загадување на воздухот
16.3.2021

Државниот инспекторат за животна средина на 5-ти март изврши вонреден надзор на асфалтната база К ...

Казни за горење трска и насипување земја на струшкото крајбрежје
13.3.2021

Инспектор од Државен инспекторат за животна средина, по дојава на Министерство за внатрешни работ ...

Спроведени геодетски мерења на концесијата во Средно Коњари
11.3.2021