ПРИЈАВИ ЗА ДИЖС ЗАКОНИ НОВОСТИ ПРОЕКТИ ИЗВЕШТАИ ПРОГРАМА ИНДУСТРИИ МЕДИА ЦЕНТАР КОНТАКТ/ЛОКАЦИЈА
 
Твининг Програма
Регистар на субјекти на надзор и инспекциски извештаи
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Што значи инспекција во животната средина и нејзино спроведување?
Околу проектот
Активности поврзани за проектот
Спроведување на законите за животна средина во ЕУ
Документи и линкови
Media Галерија
Контакти/Локација
Логирање на Basecamp
 
 
 
 
Новости и Активности
 
13.3.2021 | Казни за горење трска и насипување земја на струшкото крајбрежје

Инспектор од Државен инспекторат за животна средина, по дојава на Министерство за внатрешни работи, на 5-ти март направи контрола на запалена трска на струшкото крајбрежје на потегот кон с. Калишта. Оваа нелегална активност на палење трски, со цел формирање плажи или платформи на крајбрежјето, е честа во март и април.


Со цел да се спречи оштетување на природното наследство – Охридското Езеро и крајбрежјето од палењето трски, Државниот инспекторат за животна средина на 12-ти март иницираше соработка со општина Струга и Одделението за внатрешни работи (ОВР) во Струга.

Началникот на ОВР Струга ќе ги зајакне патролите и во соработка со Државниот инспекторат за животна средина ќе се изрекуваат казни за сопствениците на парцелите што граничат со државно земјиште на кое е запалена трска.


Началникот извести и за насипување земја на крајбрежјето и во самото езеро во близина на изгорените трски. Државниот инспекторат ќе покрене кривична пријава против познат сторител за „загрозување на животната средина и природата со отпадни материи”, врз основа на посетата на терен и документацијата од истрагата што е спроведена од страна на ОВР Струга.

 

 
 
 
НОВОСТИ И АКТИВНОСТИ
 
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2022 За унапредување на 4 (четири) административни службеници-инспектори
05.12.2022

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став 4 ...

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 581/2022 за вработување на 1 државен службеник од група I, подгрупа I во Државен инспекторат за животна средина
26.11.2022
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 582/2022 за вработување на 4 државни службеници од група I, подгрупа I во Државен инспекторат за животна средина.
26.11.2022

📍 ...

(ВИДЕО) Акциска контрола на 100 отпади, во повеќе од половината утврдени неправилности
17.2.2022

(ВИДЕО)

Инспекциските постапки на Државниот инспекторат даваат позитивни и охрабрувачки резултати
03.4.2021

Инспекциските постапки даваат резултат: 
✅ вградени се филтри во Пејпар Мил
...

Отстранета бетонската база што го загадуваше с. Ржаничино и околината
01.4.2021

Инспектор од Државниот инспекторат за животна средина по претставка на граѓани и на барање на опш ...