ПРИЈАВИ ЗА ДИЖС ЗАКОНИ НОВОСТИ ПРОЕКТИ ИЗВЕШТАИ ПРОГРАМА ИНСПЕКЦИСКИ АКТИ КОНТАКТ/ЛОКАЦИЈА
 
ДИЖС
Неделни извештаи за инспекциски надзори на ДИЖС
Регистар на субјекти на надзор и инспекциски извештаи
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Што значи инспекција во животната средина и нејзино спроведување?
Околу проектот
Активности поврзани за проектот
Спроведување на законите за животна средина во ЕУ
Документи и линкови
Media Галерија
Контакти/Локација
Логирање на Basecamp
 
 
 
 
Новости и Активности
 
16.9.2020 | ИНФОРМАЦИЈА ЗА МОМЕНТНАТА СОСТОЈБА СО РАБОТЕЊЕТО НА ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА

Архивски бр  02-сл.

Дата 15.09.2020

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА МОМЕНТНАТА СОСТОЈБА СО РАБОТЕЊЕТО НА ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА

 

На ден 9 септември во раните утрински часови се опожарени простории кои ги користи Државниот инспекторат за животна средина во објектот на поранешна Комерцијална Банка на Кеј Димитар Влахов бр.4, прв спрат. Покрај Инспекторато,т објектот на првиот спрат го користат Канцеларијата за комуникација со јавноста на Министерството за животна средина и просторно планирање и Проекти кои работат при Министерството. На вториот кат корисник е Македонската Информативна Агенција-МИА, додека последните два спрата (3 и 4) ги користи Секретаријатот за европски прашања.

Државниот инспекторат за животна средина просториите ги користи од крајот на месец јануари 2015 година кога од страна на Владата се доделени на користење на Министерството за животна средина и просторно планирање и дел од просториите се отстапени на понатамошно користење од страна на Инспекторатот. Инспекторатот користи вкупно 6 простории и 1 магацински простор. Во моментов сеуште трае увидот и истражните дејствија од страна на увидни и истражни органи и не е дозволен пристап на ниту едно лице и институција која го користи објектот, а истиот е целосно исклучен од напојување со електрична енергија.

Инспекторатот целосно ги следи сите написи по медиумите и социјални мрежи за немилиот настан при што целосно ги отфрла сите коментари, изјави од поединци како целосно неточни и тендециозни.  

Би напоменале дека Серверите за е-пошта и Интернет страницата воопшто не се сместени во работните простории, туку се управувани од надворешна фирма. Серверот со податоци е во просторија која според информација од пожарникарските служби кои учествуваа во гаснење на пожарот воопшто не е опожарена.

Инспекторатот ги презема сите потребни дејствија (информирана сe Владата и Службата за општи и заеднички работи)  и се очекува во најбрзо време да се најде решение за нови работни простории. Комплетно се обновени печатите и сите книги за непречено административно-писарско работење. Приемот на пошта се одвива непречено, како и реализација на јавна набавка која е во тек за сервисирање на возила чија постапка е електронска и сите документи се поместени на Интеренет страницата за јавни набавки.

Откако ќе биде дозволен влез во просториите, Инспекторатот ќе излезе со второ соопштение за степенот на опожарување на канцелариски, документарен материјал, ИКТ опрема, заштитна опрема итн. За сите материјални добра постои посебен попис со сметководствена вредност.

Сметководствените активности, Инспекторатот ги реализира со надворешна фирма, а сите документи кои се од витално значење за непречено функционирање на Инспекторатот се зачувани во електронска форма, а постои и посебен Е-регистар за историјатот на секој предмет кој го водат инспекторите во сите државни инспекторати вклучително и ДИЖС. Во моментов инспекторите функционираат редовно согласно одобрениот Годишен План за работа на ДИЖС за 2020 година од страна на Инспекцискиот Совет, како и посебниот месечен план за месец септември, а поседуваат и преносни компјутери. Последниот Извештај за работата на ДИЖС за период Јануари-Јуни 2020 година е одобрен од Инспекцискиот Совет и истиот како и мноштво други информации за јавноста се објавени на Интернет страницата www.sei.gov.mk

Сите предмети се водат согласно законските прописи и рокови и кон сите предмети инспекторите пристапуваат согласно закон и рокови, а заклучно со 2019 година сите предмети се завршени, а Годишниот Извештај за работата на ДИЖС за 2019 година е одобрен од Инспекцискиот Совет и истиот е објавен на Интернет страницата на Инспекторатот. Предмети кои се работат во текот на 2020 се реализираат тековно и согласно динамиката од месечните планови.

Инспекторатот ниту води, ниту учествува во управни постапки, односно во издавање дозволи, мислења и слично, односно сите Дозволи ги издава Министерството за животна средина и просторно планирање и истите електронски се објавени на Интернет страницата на МЖСПП и хартиено ги поседува министерството.

За сите учества во меѓународни проекти од 2015 до денешен ден постои документација која е одобрена од повеќе институции во зависност од програмата и донаторот, сите проекти уредно се евидентирани во Секретаријатот за Европски Прашања, Управата за Јавни приходи, контрола и ревизија се врши од страна на МЖСПП, Министерството за Финансии ЦФЦД, Делегацијата на ЕУ, Министерството за локална самоуправа, ЕУ Секретаријатите на програмите, како и независни ревизии на останати ЕУ тела согласно програмските упатства и процедури. Постои и електронска и оригинална документација која е надвор од просториите на ДИЖС.

Во тек е ревизија која ја реализира Државниот Завод за ревизија-ДЗР за отпад од пластика, реализиран е состанок, доставени се информации, одговорен прашалник, а исто така се реализира и состанок со ДЗР во однос на следни чекори за постапување на институциите по Првиот Меѓународен Ревизорски Извештај за квалитетот на воздухот од пред 2 години, односно од 2018 година.

На крајот, сакаме да се заблагодариме на сите колеги, искрени пријатели и институции кои ни изразија целосна поддршка со што ја изразија својата почит кон ДИЖС за долгогодишната меѓусебна соработка, а посебно сакаме да се заблагодариме на Противпожарната Бригада Скопје која со натчовечки напори успеа да го локализира пожарот и спречи поголема штета.

 

Јавноста ја замолуваме да не наседнува на никави шпекулации, дезинформации од крајно неинформирани извори за состојбите во Инспекторатот, а се она што ќе биде официјална информација од наша страна или друг официјален орган ќе биде навреме споделена преку комуникациските канали.

Инспекторатот како и секогаш во изминативе 24 години останува професионален, транспарентен и отворен за засегната јавност се со цел како еден мал дел од големиот мозаик да придонесе кон значително подобрување на состојбата со животната средина.

 

 

 

ДИРЕКТОP 

Fejzula SPAHIJA

 
 
 
НОВОСТИ И АКТИВНОСТИ
 
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2023 За унапредување на 4 (четири) административни службеници во Државниот инспекторат за животна средина
10.4.2023

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став ( ...

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 03/2022 За унапредување на 1 (еден) административен службеник
29.12.2022

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став 4 од Законот за администрати ...

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 673/2022
21.12.2022
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 2/2022 За унапредување на 1 (еден) административен службеник
15.12.2022

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став 4 ...

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2022 За унапредување на 4 (четири) административни службеници-инспектори
05.12.2022

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став 4 ...

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 581/2022 за вработување на 1 државен службеник од група I, подгрупа I во Државен инспекторат за животна средина
26.11.2022